Мечкаровски ќе дели правда на мечот Вардар – Работнички
Работнички во шестото коло од првенството во Првгата лига ќе му биде гостин на Вардар на арената „Филип Втори“, а мечот ќе се одигра в недела, со почеток во 15.30 часот. Одредени се и службените лица за овој дуел.
Димитар Мечкаровски ќе биде главен судија на натпреварот, а ќе му помагаат Дејан Неделкоски и Гоце Петрески (сите од Скопје). Четврти судија е Саше Тошевски (Скопје).
За делегат на мечот е одреден Тони Шалев од Кавадарци, додека контролор на судењето ќе биде Алиларџан Хаџипази (Гостивар).