Силјановски: Дерби со Вардар…или, кој прв ќе згреши, ќе загуби
Работнички в недела (15.30 часот) го очекува градското дерби со Работнички, дуел од шестото коло во Првата фудбалска лига на Македонија, во моментов и пресметка на двата првопласирани тима на табелата. На вакви дуели, најважно е грешките да се сведат на минимум, вели Горан Силјановски.
„Вардар е фаворит, актуелен шампион, заслужува максимален респект. Но, ние ќе сториме се за да избориме поволен резултат. Дуелите меѓу Работнички и Вардар се секогаш неизвесни, решаваат нијанси. Таков сличен дуел очекуваме и в недела. Треба грешките да се сведат на минимум, затоа што најчесто така се решаваат овие дерби мечеви. Кој прв ќе згреши, ќе загуби. Искрено се надевам дека тоа нема да сме ние“, истакнува Горан Силјановски.
Вардар е без пораз, со едно реми, а Работнички има еден пораз (од Пелистер во Битола) во досегашниот тек од шампионатот.
„Загубивме од Пелистер во Битола, но потоа се вративме на победнички колосек со триумфот над Силекс. Сега сме максимално подготвени за надигрување со шампионот“, порачува искусниот десен бек.