Дуелот со Шкендија од осминафиналето на Купот ќе се игра во Ѓорче Петров
Работнички својот натпревар како домаќин во осминафиналето на Купот на Македонија ќе го игра на стадионот во Ѓорче Петров. Поради одлуката за делумно реконструирање на арената „Филип Втори“, Работнички како домашен терен го избра стадионот во Ѓорче Петров. В среда, со почеток во 15.30 часот, е закажан првиот осминафинален меч против Шкендија во рамките на најмасовното фудбалско натпреварување.
Ждребот одреди веќе во осминафиналето да се сретнат ривалите кои минатата сезона го играа финалниот натпревар во Купот на Македонија.