Првенствениот меч со Шкендија закажан в сабота
Натпреварот од седмото коло во Првата фудбалска лига меѓу Работнички и Шкендија ќе се одигра в сабота (24.септември), со почеток во 15.30 часот, на стадионот во Ѓорче Петров. Поради недостапноста на арената „Филип Втори“, а со оглед дека в недела домаќин на истиот стадион е Македонија ЃП, двата клуба, Работнички и Шкендија во меѓусебен договор одлучија натпреварот да се одигра в сабота.
Работнички по шест одиграни кола се наоѓа на втората позиција на табелата со 12 освоени бода, додека Шкендија има 10 бода, но и еден одигран меч помалку.