Маркоски: Време е да победиме, иако нема да биде лесно со Победа
Поразите да се остават зад себе и да се фокусираат фудбалерите на новиот предизвик. Тоа е планот на Работнички, по двата загубени првенствени натпревари, против Вардар и против Шкендија. А новиот предизвик следи веќе утре (15 часот) кога избраниците на Виктор Треневски ќе гостуваат во Битола, а ќе ги одмерат силите со Победа.
„Време е да победиме. По двата последователни порази, како и поразот во Купот, јасно е дека сакаме да направиме победнички исчекор. Не очекува дуел со Победа, нема да биде тоа лесен натпревар, посебно што прилепчани оваа сезона се повторно дел од елитата и сакаат да се докажат на секој нареден меч. Но, и ние имаме свои планови, да ставиме крај на лошата мини – серија, а свесни сме дека имаме квалитет за високи дострели“, вели крилниот напаѓач и младински репрезентативец, Кире Маркоски.
Натпреварот меѓу Победа и Работнички се игра утре (15 часот) на стадионот „Тумбе кафе“, а ќе го суди меѓународниот судија Александар Ставрев.