Трајчевски повикан во А-репрезентацијата на Македонија за мечевите со Израел и со Италија
Капитенот на Работнички, Душко Трајчевски, се најде на списокот на селекторот Игор Ангеловски за настап во А-репрезентацијата на Македонија за претстојните квалификациски натпревари против Израел (6.октомври) и против Италија (9.октомври) што ќе се играат на арената „Филип Втори“ во Скопје. Тој со своите добри игри во дресот на Работнички во изминатиот период го заслужи повикот во националниот тим.
Трајчевски треба да му се стави на располагање на селекторот Ангеловски на првиот собир закажан за 3.октомври.