Мечкаровски ќе го суди утрешниот дуел Работнички – Брегалница во Ѓорче Петров
Работнички и Брегалница утре го отвораат деветтото коло во Првата фудбалска лига на Македонија. Нашиот тим ќе биде домаќин на стадионот во Ѓорче Петров, а дуелот стартува во 15 часот.
Главен судија на натпреварот ќе биде Димитар Мечкаровски, а ќе му помагаат Дејан Неделкоски и Гоце Петрески. Четврти судија е Константин Влахо (сите од Скопје). Делегат на мечот е Ајетали Дервиши од Тетово, а контролор на судењето ќе биде Делчо Јакимовски од Скопје.