Силјановски донесе реми (1-1) против Брегалница
Работнички ремизираше (1-1) против Брегалница во рамките на деветтото коло од Првата фудбалска лига. Поведе Брегалница со голот на Горан Здравков од слободен удар во 62.минута, а израмни Горан Силјановски во судиското продолжение од натпреварот.
На овој меч, Работнички настапи ослабен, без неколку стандардни првотимци. Тренерот Виктор Треневски ги немаше на располагање капитенот Душко Трајчевски, потоа Кире Маркоски, Суад и Емир Сахити, Херера, Садики, и тоа беше воочливо и на теренот.
Во првото полувреме немаше голови, а во 52.минута, Бојан Најденов со удар од 20 метри го погоди дирекот од голот на Кобетиќ.
Но, потоа стигна водството на Брегалница. Горан Здравков одлично изведе слободен удар од 25 метри и го надмудри Божиновски во 62.минута.
Работнички немаше друг избор освен да тргне по израмнување. Во судиското продолжение, Горан Силјановски успеа да постиге погодок, откако се најде осамен на вториот дирек и успеа да погоди во спротивниот агол.
По девет одиграни кола, ова е прво реми за Работнички, а нашиот тим има 13 освоени бода.
РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА 1-1 (0-0)
Стадион во Ѓорче Петров. Гледачи: 800. Судија: Димитар Мечкаровски (Скопје). Стрелци: Силјановски 90’ (Работнички), Здравков 62’ (Брегалница). Ж. картони: Дурански, Митрев, Ристовски (Работнички), Јованоски, Аким, Митров, Георгиев, Велковски (Брегалница).
РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Силјановски, Најдовски (65’ Томаш), Митрев, Рашо (87’ Ристовски), Наумчевски, Најденов, Дурански, Елмас, Адешина (77’ Пајазит), Ивановски.
БРЕГАЛНИЦА: Кобетиќ, Костов, Петров, Коцев, Јованоски (58’ Георгиев), Ристовски, Темелков, Митров (76’ Велковски), Аким, Здравков (85’ Карута), Велинов.