Работнички го слави 79. роденден
Нашиот клуб денеска го прославува својот 79.роденден. Со гордост се потсетуваме на минатото и на богатата традиција што ја има ФК Работнички. Тоа ни е голема инспирација за уште поголеми дострели во иднината.
На денешен ден, на 04.10.1937 година, во Дебар маало во Скопје е формиран ФК Работнички. Жителите на овој крај произлегувале од работнички семејства, од работничка средина.
Бојата на клубот била црвена. Властите тогашни не ја прифатиле црвената боја и затоа тогашните членови на овој клуб биле приведувани.
Од 1937 година, па до ден денешен, клубот игра во дресови со црвена боја и се натпреварувал во тогашната Прва лига, Втора лига и во Македонската лига.
Во својата понова историја, Работнички има четири шампионски трофеи и четири пехари во Купот на Македонија.
ФК Работнички има учество и на европската сцена, во квалификациите на Лигата на шампионите, во Купот на УЕФА и во денешната Лига на Европа. Во богатата историја имал и дуели со славните клубови Ливерпул, Лацио, Базел…Во јули 2011 година, клубот од ИФФХС (Меѓународен институт за фудвалска историја и статистика) беше прогласен за најдобар во светот за тој месец, според постигнатите резултати.